Стефановски: Русија дејствува во одвраќање на ширењето на НАТО кон Исток, во се можност да испратат и порадикална порака на изолирани воени цели

Допрва ќе се реафермираат заложбите во дипломатска смисла и ќе се засилат воздушните патроли и извидување долж источното крило на НАТО, оценува Стефановски

од Nikola Popovski
35 прегледи

Воено-безбедносниот аналитичар, Милан Стефановски оценува дека допрва ќе се реафермираат заложбите во дипломатска смисла и ќе се засилат воздушните патроли и извидување долж источното крило на НАТО. Ова следува по се зачестените упади на авиони и дронови на руските вооружени сили во неколку земји на НАТО кои гравитираат околу непосредните руските граници.

Запрашан дали реакцијата на Русија би била поостра, Стефановски во разговор за „Локално“ вели дека Русија и во стратешка компонента и во тактичко оперативна смисла дејствува во одвраќање на ширењето на НАТО кон Исток.

Дециден е дека се во можност да испратат и порадикална порака на изолирани воени цели.

Стефановски: Упадите на дроновите и авионите претставува демонстрација на сила и неколебливост во зоната на стратешкиот интерес на Русија која ги тестира и провоцира способностите на НАТО