Стефковски по дојавите за бомби во Гази Баба: „Ова повеќе не може и не смее да се толерира“

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Во објава на својата официјална страна на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, се огласи со остра реакција по повод пристигнувањето на нови дојави за бомби.

„Ме информираа дека се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ Наум Наумовски Борче, ООУ Стив Наумов и ООУ Наум Охридски. Од училиштата се превземени мерките согласно утврдените протоколи и учениците се евакуирани од училишните згради и се наоѓаат на безбедно.

Во општина Гази Баба на 16.12.2022 година за прв пат пристигна дојава за бомба во училиште, денес сме 23.02.2023 година. Недозволиво е за државата неколку месеци во континуитет да пристигнуваат вакви дојави, а притоа да неможат да се откријат сторителите.

До мене пристигнуваат реакциите на родителите кои со право прашуваат: Дали ова е доказ дека целосно е дерогиран безбедносниот систем на Република Македонија? Или пак се работи за неспособност и непрофесионалност на вршителите на јавните функции?

Ова повеќе не може и не смее да се толерира! Барам превземање на итни и енергични активности и мерки од страна на надлежните институции со цел оваа појава да запре“, напиша Стефковски.

Слични содржини