Стефоска и директорите на театрите разговараа за работата во услови на ковид

од Берта Китинска
333 прегледи

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со директорите на театарските институции, со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат овие национални установи, како и за динамиката во реализацијата на програмата одобрена од страна на Министерството за култура во текот на 2021 година.

-Се дискутираше за аспектите во реализацијата на тековниот репертоар, како и за плановите за реализација на нови претстави во услови на светска пандемија.

Споделени беа реалните проблеми со кои се соочуваат театарите за одржување на програмата, согласно пропишаните здравствени протоколи кои се однесуваат на вработените и на публиката.

Во програмата за финасирање на проекти од национален интерес во културата од областа на драмска дејност за 2021 година, за националните установи поддржани се 78 проекти со вкупен износ од 54,646,140 денари.

Во текот на оваа година ќе се реализираат повеќе инвестициони зафати во театарските установи, со кои ќе се подобрат условите за нивно функционирање. Извоени се средства за набавка на светлосна опрема и за реновирање на сценскиот под и други зафати во Драмскиот театар, ќе се набавува опрема и за потребите на Гостиварскиот театар, во МНТ ќе се реализира проектот за санација на проодната тераса и други тековни зафати, во Театарот за деца и младинци предвидено е реновирање на театарската сала, потоа реновирање на објектот на НУ Албански театар за деца и млади – Скопје и други активности.

На средбата беа разгледани и прашањата поврзани со промоцијата на новиот објект на Албанскиот театар, кој, во согласност со здравствените услови предизвикани од пандемијата, ќе биде отворен во наредиот период. Беше посочено дека продолжуваат изградбите на објектите на Турскиот театар, Театарот и библиотека во Тетово, театарот во Струмица, соопштија од Министерството за култура.

Слични содржини