Стефоска: Самите сме виновни, Охрид мора да стане национален стратегиски приоритет

од Nikola Popovski
247 прегледи

Министерката за култура Ирена Стефоска денес информира дека Националната комисија го усвоила извештајот за напоредокот на земјата за УНЕСКО.

„Според процедура тој беше на седница на Влада и мислење од сите други институции, тие процедури се завршени. Извештајот се преведува, мора да е преведен совршено и утревечер најдоцна ќе биде испратен до Центарот за светско наследство при УНЕСКО“, соопшти министерката.

Според неа, Охрид и Охридскиот Регион мора да станат национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за заштита на светското културно наследство на УНЕСКО.

„Одговорноста е само кај нас. Не амнестирам никого од одговорност, но, за жал, има институции кои не си ја завршуваат работата“, рече Стефоска.

Министерката рече дека се работи интензивно и очекува со добра меѓусебна комуникација да може подобро и поефикасно да се исполнат обврските од страна на реактивната мониторинг комисија.

 

Слични содржини