Стејт департмент: Длабоко сме загрижени по одлуката на претседателот Иванов

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Од канцеларијата на заменикот-државен секретар и портпарол, Џон Кирби, повикуваат македонскиот претседател да ја преиспита својата одлука за аболиција на лица коишто се предмет на истрага

AE6FA2BA-F324-4B6D-9867-8FD882E20219_w640_r1_s (1)„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување.  Доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ.  Воедно, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на македонските правни институции и кредибилитетот на лидерската определба спрема фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ.

Како пријател на Македонија, САД упатуваат силен повик до претседателот Иванов, да ја преиспита својата одлука и да дозволи Специјалното Јавно Обвинителство, формирано како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владините незаконски дела, и да дозволи судовите да ја вршат својата работа.  Исто така, ја охрабруваме актуелната Влада и политичките партии, да продолжат да работат на спроведување на реформите коишто ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлантска интеграција“, се наведува во соопштението на Стејт депарментот