Стејт департмент: Доколку Русија постигне договор за оружје со Северна Кореја ќе прекрши повеќе резолуции на ОН

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

СAД посочија дека Русија ќе ги прекрши резолуциите на ОН доколку постигне договор за оружје со Северна Кореја, откако лидерите на двете земји повикаа на поголема соработка.

„Секој вид безбедносна соработка или договор за оружје меѓу Северна Кореја и Русија сигурно би прекршил низа резолуции на Советот за безбедност на ОН“, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Изјавата следува по денешната вест дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин размениле писма во кои ветуваат дека ќе ги развијат своите врски во, како што наведе Ким, „долгорочни стратешки односи“.

Писмата се по повод 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт (1910-1945).

Слични содржини