Стејт департмент: Испуштен е клучниот рок, вратете се на договорот !

од Vladimir Zorba
124 прегледи

 „Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15-ти јули, кој всушност претставува најдобар начин за излез од кризата и за отворање пат за кредибилни избори во април идната година.

121338

Партиите го испуштија клучниот рок да се согласат по сериозни прашања поврзани со формирањето влада, заштитата на таканаречените „свиркачи“ и „заштитата на приватноста“.

 Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби во врска со политичката криза во Македонија.

„Се надеваме дека додека работните групи ги продолжуваат разговорите, сите инволвирани страни на прво место ќе ги стават интересите на државата, воедно повторувајќи ја нивната определба за интеграција на Македонија во евроатланските структури“, изјави Кирби.

Тој исто така нагласи дека политичките партии во земјава не треба да се обидуваат да влијаат или да го попречат извршувањето на задачите на специјалната обвинителка и дека треба да и се обезбедат ресурси и персонал кои таа одреди дека и се потребни, за да го исполни нејзиниот мандат.