297
Одлуката на Франција да ги повлече своите војници од Нигер по државниот удар во оваа западноафриканска земја во јули не ја менува позицијата на САД во Нигер, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека 1.500 француски војници ќе се повлечат од Нигер до крајот на годината.
-Франција одлучи да го повлече својот амбасадор во Нигер, ја прекинуваме и воената соработка со Нигер, изјави Макрон во интервју за француските медиуми.
Хунтата во Нигер ја презеде власта пред два месеца. Вчера објави дека забранува влез на француски авиони во воздушниот простор на Нигер.