Стејт департмент: Разговорите во Осло да се фокусираат на повлекувањето на Мадуро

од desk4
105 прегледи

Започнатите во Осло дискусии меѓу претставниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и пратеници на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, поддржан од САД, треба да се фокусираат само на повлекувањето на претседателот социјалист, соопшти Стејт департментот.

The entrance of the main offices of the United States Department of State located on C St in Washington, DC. which was recently named the Harry S. Truman Building. (Photo by Greg Mathieson/Mai/Mai/Time Life Pictures/Getty Images)

-Како што досега многупати сме нагласувале, САД сметаат дека единственото за кое треба да се преговара со Николас Мадуро, се условите за неговото заминување, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортегас.

Откако претходните напори за преговори пропаднаа, бидејќи режимот ги користеше да ја дели опозицијата и да добива на време, се надеваме разговорите во Осло ќе се фокусираат на повлекувањето на Мадуро како предуслов за какви било понатамошни чекори, рече Ортегас.

Владата на Трамп неколку пати соопшти дека исклучува дијалог со Мадуро, чија земја преживува тешка економска криза.

Сепак, Норвешка успеа да организира разговори меѓу соратници на венецуелскиот претседател и претставници на Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател и е признат од САД и над 50 земји.

Канадскиот министер за надворешни работи Кристија Фриланд вчера соопшти дека групата од Лима (13 латиноамерикански земји и Канада), која ја поддржува опозицијата во Венецуела, се собира на 6 јуни на средба во Гватемала.