Стејт департмент: Русија се уште е „државен спонзор“ на трговијата со луѓе

од Nikola Popovski

Во својот годишен извештај за трговија со луѓе, американскиот Стејт департмент ја задржа Русија на листата на „државни спонзори“ на трговијата со луѓе и ја рангираше меѓу најлошите земји во светот кога е во прашање решавањето на овој проблем.

Во извештајот како пример се наведува односот на Москва кон регрутите и децата од Украина, пренесува Ројтерс.

Тоа се однесува на наводното „присилно префрлање на илјадници украински деца во Русија“, за што Меѓународниот кривичен суд поднесе обвинение против руски функционери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.

„Постоеше владина политика или шема на трговија со украински граѓани и севернокорејски дезертери“, се вели во извештајот на Стејт департментот.

Во него се додава дека имало и извештаи за руски официјални лица кои наводно принудувале странски државјани полнолетни да се борат во војната против Украина.

Во извештајот ѝ се дава заслуга на Русија за олеснување на враќањето на руските деца од Сирија, од кои некои можеби биле жртви на трговија со луѓе, но забележа помалку позитивни страни од минатогодишниот извештај.

Оваа година Русија остана во групата земји кои се најлоши престапници во трговијата со луѓе, додава Ројтерс.

Слични содржини