Стејт департмент: САД не поддржуваат какво било принудно преселување на Палестинците од Газа

од Radmila Tasevska
211 прегледи

САД не поддржуваат никакво принудно преселување на Палестинците надвор од Газа, Вашингтон ниту посакува такво нешто, ниту такво прашање е на дневен ред, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

На редовниот брифинг на американскиот Стејт департмент, Пател додаде дека Вашингтон се противи на нова окупација на Газа од страна на Израел.

Портпаролот го рече ова како одговор на новинарско прашање на изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за телевизијата Еј-Би-Си дека Израел „на неодреден временски период“ ќе ја сноси севкупната одговорност за безбедноста на палестинската енклава.

Слични содржини