Во новиот извештај на Стејт департментот, земјите од Западен Балкан, Црна Гора, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија се наоѓаат меѓу земјите во светот кои ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност.
Во извештајот се наведува дека од 140 оценети земји, владите на 72 ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност, јавува РСЕ.
Процесот на ревизија на фискалната транспарентност на Стејт департментот проценува дали владите на државите ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност. Ова имплицира дека државите имаат клучни буџетски документи кои се јавно достапни и генерално доверливи.
Извештајот содржи и оценка за транспарентноста на процесот за доделување државни договори и дозволи за експлоатација на природни ресурси.
„Фискалната транспарентност е клучен елемент за ефективно управување со јавните финансии и помага да се изгради доверба на пазарот“, се вели во извештајот на Стејт департментот објавен на 27 јуни 2023 година.
Овој извештај го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година.
Во оценката беа земени предвид информациите од американските амбасади и конзулати, меѓународните организации и граѓанските организации.