Стејт департментот: Бунтот на Пригожин беше „значаен чекор“

од Nikola Popovski
557 прегледи

САД нема да шпекулираат за мотивите на шефот на паравоената формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин за поттикнување вооружен бунт во Русија за време на викендот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, оценувајќи го потегот на Пригожин како „значаен чекор“.

„Рускиот претседател Владимир Путин беше тој што го подигна сеништето во 1917 година, не некој друг, ниту некој од владата на Соединетите држави“, рече Милер на брифингот со новинарите, додавајќи дека не знаел за никаков контакт на Вашингтон со, како што е наведено, режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко по тоа прашање, пренесува Си-Ен-Ен.

Милер рече дека нема проценка за локацијата на Пригожин или распоредувањето на силите на Вагнер во Украина или на друго место, истакнувајќи дека ситуацијата во Русија останува „динамична“.

Потегот на Пригожин го оцени како „значаен чекор“, бидејќи, како што наведе, ново е што имало директно оспорување за раководството на рускиот претседател.

„Ново е да се види дека Евгениј Пригожин директно ги доведува во прашање причините за оваа војна и вели дека војната во суштина се засновала на лаги, што е нешто што ние самите го кажавме претходно, но сигурно не сме слушнале такво нешто од руските официјални лица претходно“, рече Милер.

Како што додаде, не е јасно какви ќе бидат крајните импликации од она што се случи врз активностите и интересите на Соединетите Американски Држави.

Слични содржини