Стејт департментот го осуди протерувањето на тројца американски новинари од Кина

од Aleksandar Petrovski
145 прегледи

САД го осудуваат протерувањето од страна на Кина на тројца новинари, странски допсиници на „Волстрит журнал“ во таа земја, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

– Правилниот одговор би бил да се искажат контра аргументи, не да се забрани говорот. САД се надеваат дека кинеските граѓани ќе уживаат ист степен на информација и слобода на говорот каков што постои во американското општество, се наведува во соопштението потпишано од државниот секретар Мајк Помпео.

Како што е веќе извесно, Пекинг денеска им ги поништи акредитациите на тројцата новинари поради тоа што „Волстрит журнал“, весник за кои тие пишуваат, одби да се извини за објавената колумна во која Кина се нарекува „прав пациент на Азија“.

Кина реагираше и поради новите правила воведени во САД проти пет кинески медиуми кои ја поддржуваат кинеската Влада и Комунистичката партија на Кина.

Администрацијата синоќа соопшти дека ќе се однесува против нив како со странски амбасади, и ќе бара однив да го регистрираат имотот и вработените во Стејт департментот.

Слични содржини