Стејт департментот го отпиша Трамп? Објавено е дека мандатот веќе му завршил! (ФОТО)

од Берта Китинска

Работите се случуваат побрзо од очекуваното.

Денес на веб-страницата на Стејт департментот беше објавена биографија за американскиот претседател Доналд Трамп, во која се наведува дека неговиот мандат завршил на 11 јануари, објави лондонскиот Индепендент, наведувајќи дека страницата посветена на актуелниот претседател била уредувана двапати во 20 часот и 22 минути и во  20:49 часа.

„Индипендент“ додава дека биографијата на потпретседателот Мајк Пенс е уредувана двапати, каде исто така беше напишано дека неговиот мандат заврши денес. Двете страници беа отстранети од страницата многу брзо, додава лондонскиот весник. За тоа кој го заврши мандатот на Трамп на веб-страницата на Стејт департментот тој наведува дека веројатно станува збор за незадоволен вработен во Стејт департментот кој има пристап до веб-страницата.

Слични содржини