Стејт департментот ја повика Турција да внимава на изјавите за учеството на САД во обидот за пуч

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „провокативната реторика“ на Анкара во врска со обидот за преврат во Турција не е од корист.тур рус

Стејт департментот ги коментирашр тврдењата на некои турски медиуми дека тинк-тенк од Вашингтон стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули.

– Ваквите теории на заговор и провокативната реторика во никој случај не се од корист, изјави портпаролот на Стејт департментот, Елизабет Трудо, коментирајќи ги извештаите, според кои тинк-тенк центарот „Видро Вилсон“ стои зад обидот за пуч во Турција.

– Ги очекуваме сите страни – медумите, цивилното општество, турската Влада да се однесуваат одговорно во своите изјави по тие прашања, додаде Трудо.

Таа нагласи дека и покрај ова САД сметаат дека партнерските односи и пријателството со Турција се на здрави темели