Американскиот Државен секретар Џон Кери од денеска заминува на балканска турнеја во рамките на која ќе ги посети Косово, Србија и Грција. Утре Кери ќе ја посети Приштина, каде што, според соопштението ќе разговара за билатерални и регионални прашања.
На 3 декември тој заминува за Белград на состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, а истиот ден оди на Кипар. На 4 декември Кери во Атина ќе се сретне со грчките лидери.
Стејт департментот соопшти дека ова е првата можност на државниот секретар да има билатерална посета во Атина при што ќе разговара со премиерот Алексис Ципрас. Главни теми ќе бидат Кипар и бегалската криза.
„Ние работиме со Грција на многу полиња од борбата против милитантите на ИД до прашањето за името на Македонија“, соопшти Стејт департментот.