Стејт департментот со предупредување за оние кои патуваат во Кина

од Aleksandar Petrovski
147 прегледи

Американскиот Стејт департмент денеска повика сите кои патуваат за Кина да бидат особено внимателни поради епидемијата од коронавирусот, јави Гласот на Америка.

Во повеќе земји во светот веќе се преземаат мерки за запирање на оваа болест да не се прошири во меѓународни размери.

Вирусот се појави во Кина и кинеските власти денеска изолираа пет града кои се во средиштето на епидемијата, а причина се 17 смртни случаи досега.

Од вирусот се имаат заразено 630 луѓе.

Слични содржини