Стејт департментот: Воздржете се од насилство на протестите во Скопје

од Nikola Popovski
186 прегледи

САД го признаваат правото на граѓаните мирно да ги изразат своите позиции и ги повикуваат сите да се воздржат од какво било насилство на протестите, истакнале денеска од Стејт Департментот за Гласот на Америка на македонски јазик за насилните протести против францускиот предлог што се случија во последните денови во Скопје.

Портпаролот на Стејт Департментот нагласил дека САД е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

-Северна Македонија ги постави темелите и сега е време да се придвижи напред кон следната фаза во процесот на пристапување. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во целиот регион, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Од таму потсетуваат дека Северна Македонија ги сработи основните задачи, и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување.

Фото: Alex Wong/Getty Images

Слични содржини