Производителот на автомобили „Стелантис“ планира да инвестира 10 милијарди долари во Соединетите Американски Држави за да го зајакне своето присуство на клучниот пазар и да го ублажи влијанието на царините наметнати од претседателот Доналд Трамп, објави „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со ова прашање.
Средствата ќе бидат искористени за повторно отворање на фабриките, вработување работници и развој на нови модели во државите Илиноис и Мичиген, додадоа изворите.
Извршниот директор на „Стелантис“, Антонио Филоса, кој ја презеде функцијата во мај, се обидува да ги пренасочи инвестициите кон американскиот пазар, што е клучно за профитабилноста на компанијата.