Стерјовски: Мора да бидеме свесни за важноста од зачувување на мајчиниот јазик

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција и голем поборник за правата на Македонците во оваа земја, Васил Стерјовски, изјави дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува секоја година на 21 февруари за да се потсетиме на „важноста од зачувување на мајчините јазици и да се подигне јавната свест за потребата од нивна заштита“.

Тој додава дека на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, мора да бидеме свесни за важноста од зачувување на мајчиниот јазик и заштита на правата на заедниците да го зборуваат својот мајчин јазик.

Слични содржини