Стерјовски: Бугарскиот пасош е профитабилен бизнис во Албанија, поисплатлив од одгледувањето марихуана

од Nikola Popovski
492 прегледи

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија МАЕИ, Васил Стерјовски во интервју за „Euronews Albania“ говорел за проблемот со бугарските пасоши, кои веќе станале бизнис во Албанија.

Според него, цените за вадење бугарски пасош се движат од 5 до 25 илјади евра.

„Јавно кажувам дека бугарскиот пасош е многу профитабилен бизнис во Албанија. Тој е поисплатлив од одгледувањето марихуана во Албанија. За бугарски пасош македонската заедница може да плати 5 илјади евра, додека за Албанците до 25 илјади евра. Во Албанија има илјадници албански државјани кои аплицирале за бугарски пасош. Повеќето од нив се со албанско потекло кои овој бугарски пасош го извадиле со исплата на голема сума пари, за да ги користат привилегиите на Европската Унија. Последниве години овој тренд е и кај македонската заедница, но сепак тоа се многу пари, бидејќи не секое семејство има 5 илјади евра“, рекол Стерјовски.

На прашањето дали Македонците со добивањето на пасош ја негирааат македонската етничка припадност, Стерјовски категорично одговарил со „не“.

„Не, никогаш. Македонците, што добиле бугарски пасош, а се малку по број, никогаш не се откажале од македонската националност“, вели меѓу другото Стерјовски во интервјуто.

Слични содржини