Стерлинг ги помина тестовите и потпиша договор со Челси

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Рахим Стерлинг веќе го помина главниот дел од медицинските прегледи и го потпиша личниот договор со Челси. Според Фабрицио Романо, договорот е до јуни 2027 година со опција за продолжување на дополнителни 12 месеци. Сите документи меѓу Манчестер Сити и Челси исто така се веќе потпишани, па прашање на време е кога и официјално ќе биде објавен трансферот на англискиот репрезентативец.

Челси за Стерлинг ќе плати 50 милиони фунти (од нив 2,5 милиони во форма на бонуси), а тој ќе биде првото ново засилување на клубот под новите сопственици. Крилниот напаѓач ќе заработува 300.000 фунти неделно на „Стемфорд Бриџ“.

Откако ќе бидат објавени целосните резултати од неговите тестови, Стерлинг веднаш ќе одлета во Лос Анџелес за да се приклучи на претсезонската турнеја со неговите нови соиграчи.

Челси работи на финализирање на вториот трансфер од Манчестер Сити многу брзо. Тој ќе биде на централниот дефанзивец Нејтан Аке, кој веќе ги договорил личните услови со лондончани.

„Граѓаните“ бараат меѓу 40 и 45 милиони фунти за Холанѓанецот.

Слични содржини