Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, по победата на Шалке во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, забележа дека англискиот тим сам си создаде проблеми.
– Од време на време ние самите ги комплициравме нашите животи. Но, во исто време ние делувавме како еден, дури и кога бевме помалку бројни на теренот. Се придржувавме до планот и сме само среќни што на крајот стигнавме до победата, изјави Стерлинг.
Со неговиот гол во последната минута од синоќешниот дуел во Гелзенкирхен, Сити го победи Шалке со 3:2, иако на полувреме губеше со 2:1, а од 68.минута играше без исклучениот Отаменди.
Реваншот во Манчестер е на 12 март.