Стерлинг за минимална победа на Англија против Хрватска

од Vladimir Zorba
204 прегледи

На првиот натпревар од групата Д на ЕУРО 2020, Англија забележа победа против Хрватска на „Вембли“ со минимален резултат.

Домаќинот го реши мечот во 57-та минута, кога Рахим Стерлинг ја затресе мрежата на Ливаковиќ, по одличната асистенција на Филипс.

Англичаните имаа уште неколку добри прилики, пред сè Фил Фоден во раната фаза на играта кога го погоди дирекот и Хари Кејн веднаш по голот, кога шутираше над пречката од неколку метри.

Сепак, потполно заслужена победа, бидејќи Хрватска немаше големи можности, а најблиску до погодок беше во 65. минута кога Анте Ребиќ шутираше покрај голот.

Не беше доволно вицешампионот на светот да успее да го загрози еден од најголемите фаворити за титулата.

Слични содржини