Рахим Стерлинг, „виновникот“ за пеналот со кој Англија стигна до финалето на Европското првенство за прв пат во историјата, тврди дека работата е „чиста“, и дека судијата донел правилна одлука.
Крилото на Манчестер Сити се чини ја принуди одлуката на судијата Дани Мекели да покаже на белата точка по падот во казнениот простор на Данска, со што беше потврдено првото финале на Англија на меѓународните натпреварувања од 1966 година, а Стерлинг сепак тврди дека пеналот бил „чист“.
„Влегов во шеснаесетникот и тој ја истегна ногата. Тој ја допре мојата нога и тоа беше чист пенал“, изјави Стерлинг по натпреварот.
Тој додаде дека полуфиналето било на највисоко ниво, и дека неговиот тим покажал силен дух.
„Знаевме дека ќе биде тешко, но останавме трпеливи и знаевме дека со трчање и агресивност, ќе донесеме сè на она што го сакаме. Ова е уште еден чекор во вистинската насока, но сега треба да се фокусираме на финалето. Чекор по чекор. Знаеме колку значи фудбалот за земјата. Енергијата, атмосферата, сè беше на врвно ниво. Малку ќе славиме, а потоа ќе се фокусираме на Италија“, заклучи англискиот репрезентативец.