Стевановиќ: Дисциплината на населението треба повеќе да се мотивира

од Nikola Popovski
296 прегледи

„Мислам дека дисциплината на населението треба да се мотивира повеќе. Ако досега е важно што ќе кажат докторите, каква е таа дополнителна кампања, што треба да се направи“, вели директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ за емисијата „24 анализа“.

Според неа, нивните ликови се повеќе присутни во медиумскиот простор, отколку некоја друга медиумска личност, на која работа и е да биде пред камерите.

„Сметам дека повеќе од доволно е зборувањето“, вели Стевановиќ, која како и министерот соопшти дека ќе се вакцинира со Астразенека штом таа пристигне во земјава.

„Се потешко ќе ни биде, и секоја идна ситуација така ќе ни биде ако не веруваме во здравствениот систем, и сметам дека многу професионално се носиме со ситуацијата“,  дополни директорката.

Слични содржини