Стевановиќ: Не смемее да се опуштиме и да мислиме дека пандемијата завршила комплетно

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на вестите на Сител ТВ изјави дека не треба целосно да се опуштиме како да мислиме дека пандемијата целосно завршила.

– Ние не сме застанати, во тек се темелни чистења на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, дезинфекции на целокупниот простор, на целокупниот медицински мебел, опрема со која располагаме, затоа и апелирам секој еден од нас да не застане со заштитата од Ковид-19 и да се придржува на она што е препорака за заштита од него, порача Стевановиќ

Според неа, новото модерно живеење, можноста да се стигне од еден до друг крај на светот за многу кратко време, ги отвора широко вратите за разнесување на Ковид-19.

– Не смемее да се опуштиме и да мислиме дека пандемијата завршила комплетно. Ние сме отворена земја, следуваат и годишни одмори, што значи многу поголемо движење и токму поради тоа мораме да бидеме сериозно претпазливи, пред се за своето лично здравје. Веројатно и нови соеви ќе следиме и во идина, но какви ќе бидат не можеме да предвидиме, но поради тоа мораме да бидеме комплетно подготвевени, апелираше Стевановиќ.

За новиот индиски сој на Ковид-19, директорката на Инфективната клиника рече дека според информациите кои ги добиле од нивните колеги кои први се соочиле, тој полесно се шири и има потешка клиничка слика, како и британскиот сој.

– Инфекциите се многу специфична болест, ние сме научени да работиме со нив, некогаш сме во можност да го предвидуваме нивниот ток, некогаш не сме во можност тоа да го направиме со колегите епидемиолози. Но некој конкретен заклучок навистина тешко може да се донесе. Она што е најзначајно е дека третманот, заштитата, превенцијата од вирусот и од овој сој на Ковид-19 ни се разликува. Она што ни останува е и понатаму да бидеме исклучително посветени и професионални како здравствени работиници, а од друга страна сериозно одговорни како граѓани. Друг спас од превенирање од Ковид-19 навистина немаме, нагласи Стевановиќ.

Слични содржини