327
„Засега нема потреба од воведување на брзи ПЦР-тестови на граничните премини. Секако дека постои можност за ширење на новиот сој и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога ќе се случи крајот на пандемијата“, изјави за емисијата „Трилинг“, директорката на клиниката за Инфективни болести Милена Стевановиќ, која исто така е членка на Комисијата за заразни болести.
Според неа, новите соеви го зголемуваат бројот на новозаразени низ целиот свет.
„Во овој момент не очекувам нови рестриктивни мерки, но покачување на алертот треба да има и тоа е неопходно. За оваа година и половина, мерките динамично се менуваа и зголемуваа. Тие ќе зависат од состојбата кај нас, меѓутоа и во светот, која диктира многу работи“, вели Стевановиќ.