ДУП-от за Тафталиџе 2 ги зовре страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Карпош, иако како точка воопшто и не беше на дневен ред на седницата.

ФОТО- Телма
Советниците од СДСМ го оценија донесувањето на планот на ден пред Бадник е нетранспарентно, бидејќи имале само 15 минути да го разгледаат, а ниту тогаш ниту подоцна не можеле да расправаат за него, бидејќи го немале на увид.
Како висок полициски функционер паднат од Господ во Министерство за внатрешни работи ми се заканувате дека јас ќе сум одговарал за нешто. Еве јавно да ви кажам, дека и ти и оној министер Оливер Спасовски ќе ми плукнете под прозор сите заедно. Втора работа. Морутс пијан да сум јас глупости не правам. Затоа не ви се плашам, а се обидувате со полицајци да кружите околу општината да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, рече Стевче Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, откако застана на советничкиот пулт за да врати на коментарот на Магдалена Несторовска, советничката на СДСМ во Општина Карпош
Градоначалникот Јакимовски го злоупотреби присуството на телевизија Телма.
–Еве пред камерите пред вашата камера пред Телма да ви кажам, рече Јакимовски.
Повеќе информации тука