Стево Пендаровски тргна ЗАЕДНО НАПРЕД!

од desk4
226 прегледи

Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3 ,Стево Пендаровски ќе биде ЗАЕДНО НАПРЕД!

Така е договорено  синоќа на работната средба на Централниот изборен штаб на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата, соопштуваат партиски извори за Локално.мк

Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на  заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.

ЗАЕДНО и НАПРЕД е суштината  и на   досегашното работење на Стево Пендаровски и претставува континиутет на неговата  општествено-политичка присутност и ангажираност.