Стигнува мобилна епидемија: Секој втор повик на телефон ќе биде некаква измама

од desk2
78 прегледи

Речиси половина од сите повици на мобилни телефони во 2019 година ќе бидат лажни, покажува едно најново истражување. Роботските повици и телефонските измами доживеаја бум изминатите години – од 3,7% минатата година се зголемија на 29,2% годинава. Доколку продолжи тој тренд, се проценува дека 44,6% од сите повици на почетокот на идната година ќе доаѓаат од измамници.

Oваа проценка доаѓа од американската компанија First Orion, која развива систем за препознавање кој се јавува на телефон и за откривање измами. Тие наведуваат дека ваквите телефонски измами доведоа до тоа луѓето да не се јавуваат на телефон ако не им е познат бројот кој ги бара.

Чарлс Морган од First Orion наведува дека епидемијата од измамнички повици зема се поголеми размери и измамниците се повеќе ја нарушуваат нашата приватност. Потпретседателот на компанијата, Скот Хамбухен, на оваа тема зборуваше и пред американскиот Конгрес и истакна дека од потрошувачите на овој начин секоја година се земаат стотици милиони долари, а измамниците користат се пософистицирани методи на измама.

Американската Сојузна канцеларија за телекомуникација работи со операторите и производителите на уреди на решавање на овие проблеми, но од First Orion велат дека би требало да се направат поефикасни системи за заштита. Морган откри дека најдобриот систем е во самата мрежа кој со помош на аналитичари и машинско учење го открива потеклото на повиците уште пред да дојдат до вашиот телефон.