Стигнуваат нови информации: Чедомир Јовановиќ има тумор?

од Nikola Popovski
311 прегледи

Во текот на денешниот ден пристигнуваат спротивставени информации за здравствената состојба на лидерот на српската ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

Јовановиќ веќе шест дена е во болницата „Драгиша Мисовиќ“, каде се пријавил поради силна болка во градите и стомакот. Како што беше кажано претходно денес, Јовановиќ имал болка предизвикана од плеуритис – воспаление на белодробното ткиво, како и дека добро реагирал на терапијата и дека се наоѓа во стабилна состојба што не е опасна по живот.

Сепак, вечерва се појавија нови информации, според кои на Јовановиќ му бил дијагностициран тумор, за кој се верува дека е бениген. Наводно, туморот бил пронајден на ‘рбетниот мозок.

Според овие извори, наодите на стручниот совет укажуваат дека туморот е бениген и ќе може да се отстрани со операција, но потребни се дополнителни тестови за да се постави конечна дијагноза.

Да потсетиме, Јовановиќ беше хоспитализиран и во јули минатата година, но тогаш поради коронавирус и тешката клиничка слика. Поради отежнато дишење и општа слабост, политичарот беше поврзан на кислородна поддршка неколку дена, а по напуштањето на болницата, тој самиот рече дека „кислородот му ја спасил главата“.

Слични содржини