360318-stihozbirkata-dzvezden-koren-od-ante-popovski-prevedena-na-bugarski

 Стихозбирката „Ѕвезден корен“ од академик Анте Поповски,  беше промовирана вечерва во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на бугарски јазик.

Ова е прво поголемо издание на Поповски, кое во издание на бугарското книгоиздателство „Ерго“ ќе и биде достапно за читање на бугарската публика.

Изборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов, а во стихозбирката се претставени 84 песни, најмногу од последните дела „Две тишини“ и поемата „Света Песна“.

На вечерта посветена на опусот на академик Поповски се обратија и директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров и синовите на академик Поповски, Александар и Жорж Поповски.

Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија

Слични содржини