Стинг се враќа на европската турнеја со концерт во Лион

од Vlatko K
185 прегледи

Британскиот пејач Стинг ќе ја продолжи својата европска турнеја со концерт во Лион на 17 јули,
пренесува „Франс инфо“.


Поради проблеми со грлото музичарот откажа шест последователни концерти во Германија, Чешка
и Холандија. Последниот откажан концерт беше закажан за 15 јули во Бон.

„Стинг се чувствува подобро, но грлото продолжува да го боли. Лекарите му препорачаа да не пее
во понеделник вечер во Бон“, се вели на сајтот на пејачот.

Се наведува и дека новите датуми на откажаните концерти наскоро ќе станат јасни.
Од Франција, 67-годишниот изведувач ќе замине за Шпанија и Холандија.