Стив Кер е најплатениот тренер во НБА, уште две сезони во Вориорс

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Стив Кер стана најплатениот тренер во историјата на НБА.

Голден Стејт Вориорс ја продолжи соработката со легендарниот тренер за уште две сезони, а за тие две години за неговите услуги ќе платат 35 милиони долари или 17,5 милиони по сезона. Со ова беа завршени повеќемесечните преговори.

Легендарниот Грег Попович годишно заработува повеќе од она што Кер ќе го добие според новиот договор, но освен тренерската работа, Попович добива плата и за работата како претседател на Сан Антонио Спарс.

Претходно, Ерик Сполестра потпиша продолжување на договорот со Мајами во вредност од 15 милиони долари по сезона.

Така Кер им се обврза на Вориорс до крајот на сезоната 2025/26, исто колку и договорот што Стеф Кари го има со клубот.

Како тренер, Кер четири пати беше шампион во НБА, ги освои сите титули како тренер со Вориорс, со кои е од 2014 година.

Кер е со Вориорс во сезоната 2015/16. забележа 73 победи во регуларниот дел од сезоната, што се уште е рекорд во НБА, таа сезона беше и најдобар тренер во лигата.

Слични содржини