Стивен Хокинг: „Ако станам товар, поддржувам асистирано самоубиство!“

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Во интервју со ирскиот телевизиски презентер Дара О’Брајан, професор Стивен Хокинг изјави дека за него “асистираното самоубиство е крајна опција”. Професорот по физика, кој боледува од тешка форма на амиотрофична латерална склероза, вели дека ќе ја разгледа варијантата за асистирано самоубиство ако се претвори во “бреме за светот и нема што повеќе да придонесе”.20150604.iyplspumlo

Хокинг е на мислење дека да држиме некого жив директно против неговата волја е “понижување од највисок степен”, појаснува британското издание Telegraph. Во интервју со Дара О’Брајан за BBC, тој раскажува за осаменоста, која го прати цел живот, бидејќи на “често луѓето им е страв да зборуваат за тоа “. Во 2013 година Хокинг јавно ја искажа својата поддршка во однос на асистираното самоубиство, како крајна опција во одредени случаи.

“Не ги оставаме животните да страдаат, зошто да не е така и со луѓето?” “Би го разгледал асистираното самоубиство како крајна опција – ако живеам во постојана, неподнослива болка, или ако не ми е останато што да дадам на светот и сум се претворил во товар за луѓето околу мене “, вели Хокинг.

На прашањето дали се чувствува осамен, тој одговори: “Понекогаш сум многу осамен, бидејќи луѓето се плашат да зборуваат со мене или едноставно не ме чекаат да напишам одговор”. “Срамежлив сум, а и доста изморен речиси секогаш, и ми е тешко да зборувам со луѓе кои не ги познавам”.Тој изјави уште дека една од работите кои ги изгубил поради тешката болест и му недостасува многу, било пливањето.

“Би сакала да можам да пливам. Кога децата ми беа мали, многу ми недостигаше да можам да си играм со нив “, додава тој.Целото интервју со физичарот, што ќе се емитува на 15 јуни по BBC 1, ќе фрли повеќе светлина врз неговиот приватен живот, појаснува The Telegraph. Во програмата ќе бидат вклучени и интервјуа со неговата ќерка Луси, неговиот најмлад син Том и неговите студенти од Кембриџ Универзитетот.