Холивудската ѕвезда Стивен Сегал не ја исклучува можноста за добивање на руско државјанство. Ова тој го изјави вчера во разговор со сахалински новинари.

“Мислам дека руско државјанство е некаде на хоризонтот. Многу би сакал неколку месеци во годината да поминувам со пријателите во Русија, со луѓето кои тука ме љубат и чекаат”, рече Сегал.
Тој истакна дека ја сака во Русија, бидејќи има богата култура. Во исто време, рече тој, во Сахалин има многу добар потенцијал за бизнис. Освен тоа е привлечен од локацијата на островот – во близина на Јапонија.
Вчера актерот пристигна во Сахалин и стана гостин на шестиот меѓународен филмски фестивал “Крајот на светот”.