Стивен Сигал глуми во руски филм за нивната инвазија на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

На прес-конференција во Самара, американскиот актер и режисер Стивен Сигал (70) наводно навел дека работи на документарен филм кој ќе ги прикажува настаните од „специјалната воена операција“ во Украина. Холивудската ѕвезда планира да докаже дека Русија не ја нападнала Украина, како што пишуваат другите земји за тоа, туку само се бори против нацизмот.

„Во моментов се подготвува документарен филм за настаните во Украина. Мислам дека е важно да му се покаже на светот целата вистина и што навистина се случило таму. Слично се случи и со други земји, вклучително и претставници на НАТО и на САД. Тоа не е окупација како што велат“, рече Сигал на прес-конференција.

Сигал тврди дека посетил жаришта во областа на специјалните операции каде се сретнал со голем број руски војници, а наводно разговарал и со украински војници.Тој тврди дека 99 отсто од информациите за тоа што се случува во Украина доаѓаат од странски медиуми кои никогаш не ја ни посетиле таа држава, наведуваат и веруваат дека најголемиот дел од овие лажни информации доаѓаат од центри лоцирани во САД, поради што светот не знае што е вистина.

Пред 9 месеци, Денис Пушилин, водачот на делот од регионот Доњецк контролиран од Москва, го најави филмот на Сигал за настаните во Донбас и на територијата на републиката. Лидерот на ДНР му посака среќа бидејќи смета дека менувањето на ставот на јавноста кон оваа војна не е лесна задача, а ги потврди и разговорите на Сигал со воените заробеници во центарот Јеленовка.

Минатиот октомври, за 70-тиот роденден на Путин, Сигал сними видео со порака за поддршка на рускиот претседател, кого го нарече „еден од најголемите државници во светот“.

Слични содржини