Кампањата за информирање на дијаспората се одвива добро и главно преку интернет и социјалните медиуми, а веќе нема тивок бојкот од страна на дел на дијаспората бидејќи се вклучија и организации на нашинците со повици за учество на пописо, вели Јасмина Георгиева, претставник на Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Владата, додајваќи дека на почетокот од процесот на попишувањето на дијаспората се почувствувал тивок бојкот, но дека последниве денови наративот е сменет и дека и организации на нашинците се вклучија со повици и апели за учество во пописот и, како што истакна, нагласуваат дека е патриотски чин и долг кон државата да се дадат податоци зашто тие се потребни за развој на државата.
„Кампањата на државата насочена кон дијаспората пред сѐ е дизајнирана преку социјалните мрежи и преку актиностите на дипломатско – козуларните претставништва на земјава во странство. Сметаме дека кампањата добро се одвива и дека добро се информираат луѓето во дијаспората“, рече Георгиева.
Досега во дијаспората се попишани над 82 илјади лица, најмногу во Швајцарија – 25 илјади, Италија – 19 илјади и околу 10 илјади лица во Италија.
На пописот ќе се попишуваат и лицата позитивни на Ковид. Од следната недела, Статистика преку „Мој термин“ на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да се испланира начинот на нивното попишување.