Сто голи жени ќе го пречекаат Трамп во Кливленд

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Тие се собраа во североисточниот американски град за инсталација на познатиот американски фотограф Спенсер Тјуник

20150108.gbekkkhqgd

Сто голи жени ќе го  пречекаат можниот кандидат на републиканците на претседателските избори во САД во ноември Доналд Трамп на конгресот на неговата партија во Кливленд, кој почнува денеска, пренесе Франс прес.Тие се собраа во североисточниот американски град за инсталација на познатиот американски фотограф Спенсер Тјуник. Секоја од жените држи во рака големо кружни огледало.Инсталацијата е во знак на протест поради однесувањето на републиканците и кандидатурата на Трамп. Жените се  симболично  недалеку  од спортска сала на Кливленд, каде ќе се одржи конгресот на партијата. “Имам две ќерки и жена .. и сум исплашен од јазикот на омразата во Републиканската партија против жените и малцинствата”, изјави Тјуник.

4C01C85D78385A42BCA21D0F78BCFE28“Не можев да се ограничам само да гласам.” Морав да направам нешто за да се противи на овој  идиотски тренд. ” Познатиот со голите инсталации фотограф засегна и други актуелни теми во американското општество – онаа за правото на поседување на огнено оружје – на позадината на серијата смртоносни престрелки во САД. “Јавното прикажување на голото тело е нелегално, но за сметка на тоа лице може да се шетаат со оружје без да го вознемируваат.Spenser_Tjunk

Тоа за  мене е прилично чудно “, коментира Тјуник. На крајот од минатиот месец американскиот фотограф собра над 6000 лица да позираат голи пред парламентот на Колумбија за да се пренесе порака за мир во оваа земја, растргната од вооружен конфликт од повеќе од половина век. Конгресот на републиканците во Кливленд започнува денес и ќе трае до четврток.

Националниот комитет на партијата го потврди правилото дека делегатите, емитувани од одделните Држави, немаат право да гласаат на начин различен од волјата на испратените  гласачи. Тоа значи практично дека официјалното издигнување на Доналд Трамп за кандидат на републиканците за Белата куќа е сигурно.