Сто новогодишни пакетчиња од Германија за децата на детска клиника

од Aleksandar Todeski
387 прегледи

Хуманитарните организации Адра и Лајонс ќе им подарат сто новогодишни пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

Од Клиниката информираат дека се работи за специјални новогодишни пакетчиња, кои ги подготвиле деца во Германија за децата хоспитализирани на Клиниката.

На доделувањето на 100-те пакетчиња, ќе присуствува и директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска.

Слични содржини