Стоилковиќ: Не треба да сме лежерни по одлуката на Русија да нѐ прогласи за непријателска земја

од Nikola Popovski

Мошне сум сигурен дека Србија во однос на заземањето неутрална страна во конфликтната ситуација во Украина се однесува достоинствено и по мислењето на српскиот народ и граѓаните на Србија, претседателот Вучиќ соодветно ги брани интересите на српскиот народ и српската држава, вели во разговор за „Локално“ пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.

Во однос на прашањето како ја толкува одлуката на косовскиот парламент, во заднината на руската воена операција во Украина, да усвои резолуција со којашто ја повикува владата во Приштина да започне преговори за членство во НАТО, Стоилковиќ појаснува дека неговата партија во прв ред ја интересира спроведувањето на партиската програма и нејзино доследно претставување во јавноста, а за сето останато што се случува се заинтересирани пред се од тоа како влијае или како би можело да влијае врз животот на граѓаните и државата воопшто.

о оглед на донесената Декларација во нашето Собрание за почитување на меѓународното право, не како јас ја толкувам, туку како македонската јавност ја толкува изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е нели официјален претставник на Република Северна Македонија кој мошне децидно даде подршка во таа насока. Почитување на меѓународно право пар екселанс, нели? Смејурија која може трагично да заврши, смета пратеникот. 

За руската листа на непријателски земји, на која е и С. Македонија, Стоилковиќ ја поврзува со изјавата на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

-Како да заборавивте на изјавите на министерката за одбрана која испраќаше војници во Украина, иако нели таа не е членка на НАТО, ниту пак ќе биде некогаш. Да не ја заборавиме смешната одлука, со оглед на капацитетите, за испраќање оружје во Украина, спротивно на законот. Исто така не санкциониравме јавно регрутирање на кучињата на војната иако тоа беше законска обврска, не заборавајте дека тоа се македонски граѓани. Затоа отворено ја прашувам диригираната јавноста, која е вистинската причина и изговорот на вака брутален начин да експлодира притаената русофобија и како тоа лежерно се промовира милитаризација на општеството кога сето оваа може да се претвори во нуклеарна катастрофа, вели Стоиљковиќ и додава:

„Недостасува глас на разумот, гласот на будалите сериозно ја превзема контролата. Не сакаме да видиме ништо лошо во тоа што ние самите го правиме дома, а секогаш сме спремни сме да им делиме совети на другите. Ете за такото однесување одговори треба да дадат носителите на јавни функции, но истите и да сносат одговорност за сопственото неодговорно однесување бидејки истите ја ставија државата во мошне непријатна состојба. Јас не би бил толку лежерен после ваквата одлука на Руската Федерација, но кога ќе побараат помош во таа насока секако дека би помогнал во регулирање на состојбите“.

За предупредувањето на руската амбасада во Скопје дека ги следи настаните во нашата држава во однос на ширењето „русофобија“ и дали безбедноста на граѓаните на земјава е загрозена, Стоилковиќ вели дека одговорот е многу едноставен.

-Тоа е нејзина работа, да ги следи настаните, да ја информира сопствената држава и да пренесува официјални ставови на државата чиј претставник е. Загрижува односот на медиумите, уште повеќе цензурата, едностраниот пристап во известувањето и хистеричното антируско оснесување кое претставува чиста дискриминација на руската култура и нејзините врвни претставници, порано беше „нема место за Србите и кучињата“, сега „нема место за Русите и мачињата“, срамно однесување во најмала рака и истото мислам дека е страно на поголемиот број македонските граѓани, односно спротивно на мнозинското расположение во Македонија, смета пратеникот.

Стоилковиќ оценува дека Македонците не се проруски расположени, туку пред се „таквото расположение е резултат на долгогодишните неправди на тнр. меѓународна заедница“.

-Расположението пред очите на целиот свет, но и на нашата јавност се случува во меѓународни рамки и уште повеќе чашата се прелеа кога тоа изживување и неправди македонските граѓани го почуствуваа на своја кожа. Чуството на пониженост и систематско обезвреднување ги направи Македонците чуствителни на неправди видливи од авион за сите, освен за лошата елита која управува со општеството без никаква одговорност. Граѓаните знаат дека на крајот цената на оваа лудорија тие ќе ја плаќаат најмногу, заклучува пратеникот.

Во однос на украинското прашање, Стоилковиќ вели дека е мошне видлива промената на однесувањето на украинското раководство кое во последно време дава изјави спротивни од оние пред почетокот на специјалната операција на Руската Федерација, односно изразува спремност да прифати некои од барањата и како времето ќе поминува уште повеќе ќе ги омекнуваат своите изјави во таа насока.

Од ваквото однесување кој сака може да извлече соодветни објективни заклучоци, потенцира тој.

Н.П.

Слични содржини