Стоилковиќ: Пописот е весела математика, се намалува бројот на Србите

од Nikola Popovski
974 прегледи

Од 1991 година, кога бројот на Србите на пописот во Македонија беше драстично намален, секое споменување на нов попис отворa голем простор за српската национална заедница да се сомнева во неговата регуларност. Ова е весела математика која не треба да даде реална слика, туку да ги исполни очекувањата на Албанците, смета лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник, Иван Стоилковиќ во интервју за „Спутник“.

„Првиот ден по завршувањето на пописот, бев поканет од околу 50 луѓе кои живеат во станбени блокови во Скопје, и кои воопшто не беа попишани. Значи, тие се надвор од секоја евиденција. Второ, пописот траеше од 5 до 30 септември, а за 22 дена, според овие бројки, беа попишани 75% од граѓаните. Се избегнува објаснувањето како е можно другите 25 проценти од населението да се попишат за три дена. Тоа едноставно не е возможно и е јасен показател дека целиот процес на пописот има недостатоци и по суштина и по содржина“, изјавил Стоилковиќ.

Стоилковиќ вели голема цена за тоа треба да платат Србите, заедно со турската заедница. Зголемувањето на бројот на Албанците во Македонија нема да биде изводливо, предупредува тој, без да се намали бројот на Србите и Турците.

„Не верувам дека бројот на дополнителни Албанци ќе се бара на друго место. Од друга страна, на Денот на српското единство, слобода и државно знаме, ги поканивме сите Срби во Македонија да се обележат и на некој начин да се попишат самите себе и да укажат на своето присуство во Македонија. И тоа беше наш попис“, рекол Стоилковиќ во интервјуто.

Слични содржини