Иван Стоилковиќ, пратеник во Собранието и претседател на Демократската партија на Србите во С. Македонија, вели дека протерувањето на руски дипломат не е нова ситуација, туку „дежаву“ на претходната епизода кога руски дипломат беше протеран, според него, исто така без причина.
„Русија тогаш покажа голема христијанска љубов и интелигенција и не одговори соодветно на македонската одлука, но го стори тоа на многу принципиелен и културен начин, не сакајќи да ја доведе Македонија во ситуација да остане без дипломатски претставник во Москва. Во таа смисла, ова е „дежаву“ на истата ситуација каде што Македонија се обидува, од една страна, да му ласка на Западот и ЕУ и да се покаже како најлојален сојузник, а од друга страна да демонстрира сила пред домашната јавност“, вели Стоилковиќ во изјава за српски „Спутник“.
На прашањето дали тоа значи дека Скопје не треба да очекува „награда“ од Брисел за протерување на рускиот дипломат во форма на почеток на преговори, Стоилковиќ вели дека досега сме имале можност да видиме какви награди дошле кога станува збор за Македонија , а со оглед на сите отстапки што ги направи во однос на западниот фактор.
„Ова не само што е непринципиелно, туку е однесување што не доликува на сериозна држава и сериозна дипломатија. Последиците од сето тоа ќе се видат во следниот период“, вели Стоилковиќ.