Стоилковиќ ја пренесе поканата од Мицкоски до Вучевиќ да ја посети Македонија

од Nikola Popovski
115 прегледи

Вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ синоќа во Белград се сретна со српскиот премиер Милош Вучевиќ и му ја пренел поканата од премиерот Христијан Мицкоски, да ја посети Македонија на крајот на септември, почетокот на октомври.

Тој на заедничката прес-конференција рече дека вчерашниот убав прием го потврдува нивото на односите што постојат меѓу граѓаните на двете земји и потсети на истражувањето на јавното мислење според кое Македонците се најблиску до Србите, а Србија е најблиску до Македонците.

„Ова само укажува дека ние како нова политичка структура во Македонија некако треба да го следиме расположението на граѓаните. Зборувавме пред се за учеството на Северна Македонија или македонската економија како помош за српската економија во врска со „Belgrade Expo од една страна и од друга страна да се отвори таа можност да се претстави македонската економија што е можно подобро, рекол вицепремиерот, додавајќи дека тоа е многу важен сегмент од регионалниот развој на кој Македонија ќе ја гради својата политика во иднина.

Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.

-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира.

Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.

Слични содржини