Еден од вицепремиерите во Владата, Иван Стоилковиќ оценува дека лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари ја должи својата политичка кариера на премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека двапати е избран за градоначалник на Гостивар со гласови на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега баш ми е чудно кон кого сте задолжени политички и ви дал шанса, да се однесувате така…Јас имам многу добра соработка со него, но, мене ми делува неверојатно таков човек да се одлучи на таков чекор. Јас издржав 7 години опозиција држејќи се до сопствената чест. Како после 9 месеци одеднаш не сака да биде министер и дел од Владата или чекаше да заврши тендерот за инсулин или пак не добил катна гаража? Зборуваме за она што се лиферува. Баш сум изненаден од него како човек за кого сметав дека ја има таа морална вертикала дека ќе се однесува на сосема друг начин, рече Стоилковиќ во емисијата „Само вистина“.
Вицепремиерот повтори дека Таравари покажал непринципиелно однесување. Според него, се уште актуелниот министер за здравство можеби сака да ја дестабилизира Владата и македонската политичка сцена.
Стоилковиќ оценува и дека можеби Таравари сака да се избори да биде лидер во албанската опозиција или на некоја нова албанска коалиција.