Стоилковиќ: Како претставник на српската заедница никогаш нема да ja прифатам Република Косово

од Nikola Popovski
212 прегледи

Министерот и вицепремиер Иван Стоилковиќ изјави дека е направена грешка во врска со неговата објава на социјалните мрежи во која тој Република Косово ja нарекува „Косово и Метохија“. Истакна дека ќе ја исправи грешката, но нагласи дека како претставник на српската заедница не може да ја прифати Република Косово.

„Тоа е текст преземен од мојата страница на Фејсбук и ништо повеќе. Службата која ги води тие активности во министерството го има преземно тој текст од Фејсбук и тој текст ќе биде на најдобар можен начин приспособен во наредниот период. Како припадник на српската заедница никогаш нема да го прифатам тоа решение, но како законска обврска да“.

„Она што сакам да го појаснам е дека никогаш нема да остапиме од позицијата дека за нас секогаш ќе биде Косово и Метохија, со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Но, како вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, ќе ги почитувам законските обврски и ќе ја почитувам одлуката на Владата на Македонија во врска со ова прашање“, изјави Стоилковиќ.

Ова следува откако ДУИ објави видео во кое презентираше ланска вест објавна на веб-страницата на Министерството за меѓуетнички односи раководено од Стоилковиќ, каде тој Косово го именува како Косово и Метохија. Посочената вест е од август минатата година, а се однесува на тогашна посета на вицепремиерот на спортски камп во Белград, каде учествувале и деца од Македонија на возраст од 12 до 15 години. Набројувајќи од кои други земји имало учесници во спортскиот камп, во веста се наведува и Косово и Метохија.

Македонија го призна Косово во 2008 година по неколку месеци откако таа држава прогласи независност, а непосредно по завршената демаркација на македонско-косовската граница. Двете соседни држави градат пријателски и добрососедски односи и соработка во повеќе сфери.

Слични содржини