Стоилковиќ најави: Ќе биде разрешен директорот Идризи кој не одговори на прашања на македонски јазик

од Nikola Popovski
64 прегледи

Еден од вицепремиерите и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ во телевизиско интервју речиси го најави разрешувањето на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. На прашање зошто Идризи не го користи македонскиот јазик во јавните настапи, Стоилковиќ рече дека „во вторник, на идната седница на Владата, 99% сигурно ќе биде разрешен“.

На дополнителното прашање дали би поднел оставка од Владата доколку разрешувањето не се случи, Стоилковиќ во емисијата на „На кавга со Иван“ одговори: „Зошто би поднел оставка? Ќе покренам иницијатива тој веднаш да биде заменет и имам право на тоа. Ќе ве известам како новинари“.

Минатата недела, како одговор на новинарски прашања, Идризи зборуваше на албански јазик и не одговори на македонски туку им порача на новинарите дека „после ќе им преведат“.

-И Законот за јазици треба да има преведувач, кажа директорот на Инспекторатот.

Слични содржини