Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оценува дека меѓуетничките односи во земјава зависат од предизборната камања за локалните избори. Според него, штом се доближувааат било какви избори, секој се обидува да земе поени играјќи на некакви карти кои се надвор од нормално однесување.
-Од тој аспект е очекувано. Во моментов, меѓуетничките односи се стабилни, постои стабилно владино мнозинство и од тој аспект, ситуацијата е нормална. Тогаш државата има простор да се занимава со она што е мошне важно за граѓаните – економијата. За второто прашање, се уште немам видено анти-албанско однесување во државата. Не сум почувствувал. Постои криминализација на делот од поранешната власт и сега се обидуваат со различни шпекулации да ја амортизираат неказнивоста која важеше во изминатиот период. Станува збор за криминализација на делот од поранешната владеачка структура која себеси се претставува како единствен претставник на една национална заедница во Македонија, рече Стоилковиќ, одговарајќи на новинарско прашање да даде оценка за меѓуетничките односи во рамки на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.